Дома Ставови Арсен Венгер – најголемиот лицемер во модерниот фудбал!

Арсен Венгер – најголемиот лицемер во модерниот фудбал!

Порано пишував дека Арсен Вегер е фудбалскиот Сизиф, три години подоцна неговиот камен е на истото тоа место, не се помрдна ни милиметар. Еве зошто Венгер е најголемиот хипокрит во модерниот фудбал!?

Англиската Премиер лига од година во година е се по интересна, меѓутоа кога е во прашање Арсенал, секоја година гледаме „дежави“. И оваа сезона за Венгер и неговите „лилипутанци“ е завршена уште во март, и тоа со неколку шлаканици кои ќе остават трага.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Специјалист за неуспех“, го нарече Мурињо. Колку и да е контроверзен Португалецот сепак мораме да се сложиме дека ова е еден од најдобрите описи кои се дадени за Арсен Венгер, човекот кој веќе седум години го троши својот кредит на легенда.

Зошто Венгер е најголемиот лицемер во модерниот фудбал?

На сите ни е познато дека Венгер не е само тренер на Арсенал, туку и менаџер кој ја креира политиката на клубот (слично како што беше Ферги во Јунајтед). Во тоа е и проблемот, неговата политика е Сизифска, па колку и да негодуваат фановите на Арсенал (гигант кој заслужува многу повеќе).

ДА, Арсенал 16 години е постојано во Лигата на шампиони, ДА, Арсенал е еден од ретките клубови кои работи во плус, ДА, Арсенал со свои средства изгради стадион…и сето тоа е важно, но фудбалот се игра за трофеи.

За недостаток на трофеи е виновен само еден, „Шефот“ како што го викаат во соблекувалната. „Шефот“ кој јавно ги критикува фудбалерите дека ги интересираат само пари и дека затоа го напуштаат Арсенал. Јавно ги критикуваше Насри, Клиши, Ван Перси дека заминуваат поради пари, и тоа замислете, тоа го кажува човекот кој е најплатен менаџер во Премиер лигата и еден од најплатените во светот.

Ете затоа јас не му верувам на Венгер (очигледно почуваат да не му веруваат и тие кои го сакаат), затоа што им фрла дим во очи на сите и се прави светец, а за неколку месеци, тој истиот ќе добие нов договор со уште поголема плата. Е ако тоа не е лицемерие, тогаш дефинитивно ви е потребна поголема диоптрија.

И сето тоа можеби ќе паднеше во позадина, ако истиот тој Венгер не беше одново понижен, и ако неговиот тим не примеше 17 гола од водечкото трио (6 од Сити, 6 од Челзи, 5 од Ливерпул) па од фаворит за титула (за многумина) сега се бори за излез во ЛШ.

Венгер е тврдоглав и повторно следната сезона ќе се обиде да го помести каменот, во тоа не се сомневаме, само му предлагаме да си ја зголеми платата уште еднаш на крајот на сезоната бидејќи тоа го заслужува!

ПС: Во свет во кој секој ден мораш одново да се докажуваш и да напредуваш, луѓето како Венгер се реткост, можеби затоа и не ги приметуваме. Но секоја чест за човек кој успех од 2003 год. добро го наплаќа и во 2014 година.

Пишува: Петар Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ставови

Проверете

Како да изберете добри онлајн обложувалници во Македонија?

Обложувањето има повеќедецениска историја во Македонија, но благодарение на интернетот, ов…