Дома Трансфер зона Арсенал спреми 80 милиони за Абрахам

Арсенал спреми 80 милиони за Абрахам

Примарна цел на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најновот име на списокот е Тами Абрахам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Aнглискиот напаѓач направи вистински потег со трансферот во Рома затоа што ја игра сезоната на кариерата.

Сезонава Абрахам во дресот на Рома постигна 24 гола и 5 асистенции во сите натпреварувања и со тоа веднаш го привлече интересот на бројни клубови. 

Најсилен интерес за Абрахам покажува Арсенал, но Рома нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за слободата бара 100 милиони фунти.

Арсенал наводно е спремен да плати 80 милиони фунти за Англичанецот, но трансферот може да зависи од тоа дали „топџиите“ ќе играат во Лига на шампиони следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…