Дома Трансфер зона Арсенал повторно тргнува по дефанзивецот на Барселона

Арсенал повторно тргнува по дефанзивецот на Барселона

Арсенал повторно го обновува интересот за дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.

„Топчиите“ сакаа да го ангажираат Французинот во јануари, но тогаш не беше постигнат договор. Од „Емирати“ сега подготвува нова понуда за 28-годишниот дефанзивец.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Умтити веќе подолго време не е во плановите на Каталонците, но досега одбиваше да си замине. Тој има договор до 2026 година, но Барса ќе направи се за да се ослободи од него на лето, па Арсенал може да го донесе за солидна сума.

Веста за интересот на Арсенал за Умтити доаѓа само неколку дена откако стана јасно дека Јувентус го сака дефанзивецот на „топџиите“ Габриел Магалаеш. Се шпекулира дека францускиот дефанзивец ќе биде замена за Бразилецот, кој ќе биде продаден на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…