Момчето кое е продукт на фудбалската школа на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд потпиша нов договор со Ливерпул.
Бекот кој е еден од најдобрите на својата позиција потпиша договор до 2025 година.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Преубаво е чувството кога знаете дека клубот има доверба во вас. Навистина сум среќен поради позицијата во која се наоѓам и го живеам својот сон. Ќе бидам во опкружување со такви имиња и играчи и тренери, за мене тоа е привилегија“; изјави Арнолд при потписот.
До сега Арнолд забележа 179 настапи за Ливерпул откако дебитираше во октомври 2016 година.
Со Ливерпул до сега ја освои Лигата на шампионите, Премиер лигата, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа. Овие успеси се одлични за еден 22-годишник.