Болоња е сериозно заинтересирана за напаѓачот Марко Арнаутовиќ, пренесува „Кориере дело Спорт“.
31-годишниот напаѓач има договор со кинески Шангај СИПГ до декември 2022 година, но сака да се врати во Европа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Поради тоа Арнаутовиќ е спремен да го раскине договорот со кинескиот клуб и како слободен агент да потпише за Болоња.
Тој во моментов добива 3,5 милиони евра, но е спремен да прифати помала плата за да се врати во Европа, а Болоња се обидува да го донесе во своите редови.
Тренерот Михајловиќ веќе имал разговор со австрискиот репрезентативец и преговорите се во напредна фаза.
QUI BOLOGNA – Arnautovic nuovo acquisto per i rossoblù? https://t.co/cN9WO9xCGs
— TuttoJuve.com (@TUTTOJUVE_COM) January 22, 2021