Aвстрискиот репрезентативец, Марко Арнаутовиќ како што стојат работите изгледа ќе направи трансфер во Болоња.
Италијанските медиуми пишуваат дека австрискиот напаѓач ги договорил условите и сега се чека само официјализирање на соработката.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Фудбалерот со српско потекло би требало да потпише со Болоња договор на три години за платао д 2.7 милиони евра. Во редовите на Болоња Арнаутовиќ би пристигнал од Шангај ШИПГ.
За оваа опција се пишуваше и пред некое време, потоа се стишија најавите, но сега повторно одекна и се тврди дека Арнаутовиќ ќе го гледаме во тимот на Михајловиќ следната сезона.
🚨 Marko Arnautovic 🇦🇹 to Bologna 🔴🔵 is complete! 3 year contract 📝 at a salary of 2.7M 💶 / year. @NicoSchira #Mercato #Arnautovic #Bologna #Transfers pic.twitter.com/VweFdPYDae
— TheOtherSideofThePond (@SideofPond) June 24, 2021