Дома Луд Спорт Арда Туран се тепал во кафана, па му го скршил носот на пејачот

Арда Туран се тепал во кафана, па му го скршил носот на пејачот

0

Турскиот репрезентативец и Башакшехир Арда Туран, повторно е во центарот на скандал откако имал бурна ноќ во Истанбул.

Имено, Арда Туран предизвика тепачка во ноќен клуб, а во мешаницата настрада локалниот пејач Беркај Шахин, објавија медиумите во Турција.

Според информациите, Арда Туран бил пијан и се обидел да ја заведе девојката на пејачот, кој остро реагирал. Во тепачката Туран му го скршил носот на Беркај.


Следете го Sportski.mk и на


Пејачот веднаш бил однесен во најблиската болница за итна операција, а неговата девојка откри детали.

„Арда ми пријде, ме допре за раката и ми кажа дека сум убава. Го прашав што му се случува, а Беркај изгледа го слушна разговорот и кажа дека ќе разговараат како двајца мажи откако јас ќе заминам дома. Се сврте кон Арда, а овој веднаш го удри“, изјави вереницата на пејачот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

ГРАБЕЖ НА ВЕКОТ: Луѓе пазете се! Вака се фрлаат пари на спортски натпревари!

Спортското обложување зазеде голем замав во последно време на нашите простори. Скоро секој…