Дома Фудбал Останато Аргентинците се луди: Играч на Зенит намерно добил црвен картон за да гледа Бока – Ривер!

Аргентинците се луди: Играч на Зенит намерно добил црвен картон за да гледа Бока – Ривер!

pardes

Дефинитивно нема по луди навивачи од оние на Бока Јуниорс и Ривер Плата.

Се и сешто ќе се случува во наредните денови во Буенос Аирес кога овие два ривали ќе ги играат финалните натпревари од Копа Либертадорес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И „обичните“ натпревари помеѓу овие два клуба секогаш се интересни, но што ќе биде сега кога играат за титулата најдобар во Јужна Америка?

Колку страствени се навивачите на овие клубови ни зборува и вчерашната ситуација во која еден навивач му ја запалил куќата на својот сосед кој бил фан на Ривер, после една расправија.

Сега ни пристигнува уште едно неверојатно нешто.

Фудбалерот на Зенит, Леандро Пардес како што тврдат аргентинските медиуми во натпреварот против Ахмат намерно заработил црвен картон за да го пропушти натпреварот за викендот на неговиот клуб. Погодувате – за да го гледа „суперкласико“ во Аргентина!

Пардес е дете на Бока, тој клуб е неговиот живот и секој навивач на било кој од овие два клуба ниту во лудило не би сакал да го пропушти ова финале во Копа Либертадорес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…