Дома Фудбал Италија Арапските сопственици на Њукасл преговарале и со Милан

Арапските сопственици на Њукасл преговарале и со Милан

Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија размислувал да го купи и италијанскиот гигант Милан, откри Аманда Стејви, која сега е дел од раководството на Њукасл.

Претходно се појавија информации дека шеиците сакаат да го купат Интер и Бордо.

„Разговаравме со Милан и со Интер исто така, но проблем е структурата на Серија А  односно тамошната бирократија. За кратко се насочивме и кон Бордо. Повеќе немаме интерес кон Интер“, изјави Стејви.

Според италијанскиот весник „Либеро“, арапскиот инвестициски фонд бил спремен да инвестира 1 милијарда евра за еден од двата милански гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус почна со победа во Серија А, но остана без најдобриот фудбалер

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, може да биде надвор од терените околу два месеца пор…