Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува да одмори некои играчи.
Причината е кратката пауза 120 минути борба со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Дани Карвахал и Винисиус Жуниор не можеа да го завршат мечот поради болки во мускулот, додека Ферлан Менди тренираше одвоено на последниот тренинг.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според неофицијални информации, Лукас Васкез е реална опција на позицијата десен бек, додека многу е можно Едер Милитао да биде стартер за прв пат по август кога ги повреди лигаментите на коленото.
Исто така, не е исклучено Лука Модриќ да биде стартер, а доколку Винисиус не биде подготвен шанса веројатно ќе добие Брахим Дијаз.
Инаку, Чуамени речиси сигурно ќе биде стартер откако беше суспендиран за натпреварот во Манчестер. Натпреварот Реал Мадрид – Барселона е закажан за в недела од 21:00 часот.