Една од главните теми во фудбалскиот свет во изминатиот период е густиот распоред на кој играчите често се жалат.
На оваа тема зборуваше јавно и легендарниот Луис Фиго кој им порача на фудбалерите дека ако играат помалку, мора да добиваат и помалку пари. (ТУКА).
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сега на неговата изјава реагираше тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој вели дека фудбалерите би прифатиле таков предлог.
„Ќе го повторам тоа што веќе го кажав. Фудбалот мора да забави, погледнете што се случува, се игра премногу. Играчите мораат да играат помалку за да избегнат повреди, нема да имаат проблем ако им се намалат и платите“, изјави Анчелоти.