Италијанскиот стратег Карло Анчелоти зборуваше за неговата најголема грешка во кариерата и како што вели таа ја направил во 2015 година кога побарал многу пари за продолжување на соработката со Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Анчелоти на церемонијата одржана неодамна во Париз од „Франс Фудбал“ беше избран за тренер годината, па така даде и свое интервју.
„Во 30 години работа не е можно секогаш да имате добри одлуки. На пример, токму во Реал Мадрид имав еден лош избор. По мојата прва сезона (2014/2015) бев блиску да го продолжам договорот и клубот сакаше да ме задржи.
Но, тогаш го притиснав Флорентино Перез барајќи му поголема плата и така прекинаа прегоорите. Од денешна гледна точка тоа е најголемата грешка која сум ја направил, меѓутоа ми помогна и да научам нешто“, изјави Анчелоти.