Дома Фудбал Останато Фиго до фудбалерите: Сакате помалку натпревари? Ќе добивате и помалку пари…

Фиго до фудбалерите: Сакате помалку натпревари? Ќе добивате и помалку пари…

Легендарниот португалски фудбалер, Луис Фиго им одговори на фудбалерите кои во јавноста се почесто реагираат и поради преголемиот број натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последни кои зборуваа на оваа тема беа Шпанците, Родри и Карвахал кои најавија и штрајк ако ситуацијата не се промени. По ваквите нивни најави се огласи Фиго кој имаше што да им каже.

Според Фиго потребно е да се најде одреден баланс, па така им порача дека ако сакаат помалку натпревари, ќе мора да прифатат и помалку пари.

„Станува збор за многу комплицирана тема. Играчите имаат договор со нивниот клуб и нан нас е да најдеме решение кое ќе биде најдобро за двете страни. Логично е да се зголемува бројот на натпревари тоа е ефект на топката која силно се тркала и мораме да ја следиме.

Кога имате повеќе натпревари, клубовите добиваат повеќе пари и може да се следи трендот на зголемување на платите. Ако се намали бројот на натпревари, тогаш и платите мора да се намалат. Потребен е баланс, но тој е тешко да се најде“, изјави Фиго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…