Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Треба да бидеме загрижени, но треба и Ливерпул и ПСЖ

Анчелоти: Треба да бидеме загрижени, но треба и Ливерпул и ПСЖ

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти порача дека неговиот тим, Ливерпул и ПСЖ треба да бидат загрижени пред последното коло од групната фаза во ЛШ со оглед дека никој не обезбедил пласман во осмина финалето.

Ситуацијата во “групата на смртта“ го достигна врвот пред последното коло, а најинтересно ќе биде на Енфилд каде Ливерпул и Наполи во директен дуел ќе го одлучат патникот во осмина финалето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Анчелоти порачува дека неговата екипа во тој натпревар мора да оди на победа бидејќи ако калкулира нема да биде агресивна на потребното ниво. Инаку, на Наполи му одговара реми, но и секој пораз од еден гол разлика, освен 1:0.

„Никој не помислуваше дека ќе бидеме први во оваа група и непоразени после пет натпревари. Секако, треба да бидеме загрижени, но треба и Ливерпул и ПСЖ, на кој сигурно нема да му биде лесно во Белград.“ – изјави Анчелоти за Скај Спорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим: Многу ми е жал за луѓето кои мораа да си тргнат од стадионот додека губевме 2:4

Во исклучително драматичен натпревар Јунајтед го исфрли Лион и помина во полуфиналето на Л…