Според информациите на „Скај Спорт“, Карло Анчелоти во текот на вчерашниот ден допатувал во Англија на преговори со Евертон.
Италијанецот минатата недела доби отказ во Неапили, иако овој тим успеа да го одведе во осминафиналето од Лигата на шампионите. Во Неапол беше наследен од Џенаро Гатузо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега 60 годишниот Анчелоти се споменува како главен кандидат за превземање на Евертон кој неодамна го отпушти Марко Силва. „Карамелите“ му нудат договор до 2022 година.
Анчелоти беше успешен на Островот каде што од 2009 до 2011 година го водеше Челзи. Со „сините“ освои три трофеи, Премиер лигата, ФА Куп и Комјунити Шилд.
Евертон во овој момент се наоѓа на 16. позиција на табелата со само пет победи после 17 кола.
#Ancelotti è arrivato in #Inghilterra per parlare con l'#Everton. Le ultime ?https://t.co/wIIWwL68y7
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) December 16, 2019