Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: „Ајакс нема да ја освои Лигата на Шампионите“

Анчелоти: „Ајакс нема да ја освои Лигата на Шампионите“

Иако целиот фудбалски свет овие денови се заљуби во игрите на младиот тим на Ајакс, тренерот на Наполи, Карло Анечлоти смета дека оваа екипа нема да ја освои Лигата на Шампионите.

Потсетуваме, Ајакс синоќа го исфрли Јувентус откако што во Торино го победи со 2:1, а по тој натпревар многумина сметаат дека повеќе никој не е фаворит против нив, што во превод значи дека би можеле да одат до крајот. Сепак, еден од оние кои не сметаат така е Анчелоти кој не верува дека Ајакс на крајот од сезоната ќе го освои трофејот во Лигата на Шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ајакс игра многу добар фудбал, но никој не можеше ниту да претпостави дека ќе дојдат до полуфиналето. Не верувам дека ќе ја освојат Лигата на Шампионите, но можеби грешам. Тие играат активен фудбал, се бранат индивидуално и профитираат од дуел еден на еден“, изјави тренерот на Наполи.

Анчелоти додаде дека во Италија не може да се гради тим како што тоа Ајакс го прави со младите играчи, бидејќи навивачите во Италија пред се бараат резултат. Потсетуваме, неговиот Наполи утре го очекува многу тешка задача, бидејќи на стадионот „Сан Паоло“ во рамките на реваншот од четвртфиналето во Лигата на Европа пристигнува Арсенал. „Топчиите“ имаат предност од првиот натпревар од 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Легендата на Тотенхем прашан дали би го преземал клубот. Еве како реагираше.

Легендата на Тотенхем, Роби Кин, критички одговори и потоа нервозно го прекина интервјуто …