Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Ако Реал го елиминира ПСЖ, нема кој да ги запре „кралевите“

Анчелоти: Ако Реал го елиминира ПСЖ, нема кој да ги запре „кралевите“

Екс тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја коментираше играта и резултатите на „кралевите“ оваа сезона.

Анчелоти ја пофали играта на Реал против Валенсија на последниот меч и истакна дека тоа бил одличен одговор на критиките.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Одговорија добро со играта и резултатот против Валенсија. Тимот не е во криза. Меѓутоа, сега единствено нешто што можат да освојат е Лигата на шампиони. Доколку Реал го елиминира ПСЖ ќе биде многу тешко да се запрат „кралевите“ бидејќи во тимот имаат еден играч кој не сака да губи“, изјави Анчелоти.

„Пари Сент Жермен располага со неопходниот квалитет за да го подигнат трофејот во ЛШ. Нејмар и Мбапе се неверојатно, но и тимот веќе има доволно искуство. На Реал ќе му биде тешко“, заклучи Италијанецот кој како прв фаворит во ЛШ го гледа Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…