Кошаркарската федерација на Македонија денес на еден ден пред почетокот на квалификациите за Евро 2021 ја исплати премијата од 750.000 денари за пласманот во овие квалификации.
На официјалниот сајт на федерацијата е објавено дека одборот одлучил да се исплати вкупен нето износ од 750.000 денари за пласманот во квалификациите за Европското првенство во 2021 година како први во групата со кош разлика.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа парична награда беше ветена од претходното раководство на федерацијата и реализирана од сегашното чело со претседателот Перо Антиќ.
Веруваме дека ова може да биде дополнителен стиумлс за членовите на националниот тим за одигрување на одлични квалификации.