Дома Македонски спорт Мак баскет Антиќ ги израдува клубовите: Повеќе нема да се плаќа котизација за учество Првата лига

Антиќ ги израдува клубовите: Повеќе нема да се плаќа котизација за учество Првата лига

Македонската кошаркарска федерација организираше прес-конференција поврзана со актуелниот момент на работењето, и ситуацијата во македонската клупска и репрезентативна кошарка.

На прес-конференцијата првиот човек на федерацијата, Перо Антиќ најави дека се укинува котизацијата за екипите во Првата лига, благодарение на новиот спонзор.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Последен пат Федерацијата имала спонзор за Првата лига мажи пред 14 години. Партнер најдовме во МТЕЛ, верувам на сите ви е познат. Станува збор за компанија чија примарна цел се телекомуникациите, но поддршката за врвен спорт не изостанува. Во минатото МТЕЛ помагал на многу македонски клубови и спортисти, меѓу кои и нашите два најтрофејни клубови МЗТ Скопје Аеродром и Работнички“, изјави Антиќ.

Со поддршката од МТЕЛ за претстојната натпреварувачка сезона односно 2024/2025 клубовите од Првата лига мажи ќе бидат целосно ослободени од котизацијата за учество.

„Кога го преземавме раководството, котизацијата беше 10.000 евра. Ние одлучивме да ја намалиме на 8.000 евра, а сега најдовме и спонзор кој ќе ја преземе и таа обврска за клубовите. Соработката е потпишана на една година, но се надеваме дека со взаемен успех ќе биде продолжена“, потврди првиот човек на кошарката во Македонија.

Повеќе за одржаната прес-конференција можете да прочитате на сајтот на КФСМ – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …