Дома Фудбал Останато Анегдотата на Мбапе од Србија е апсолутен хит: Бил преплашен од глушец!

Анегдотата на Мбапе од Србија е апсолутен хит: Бил преплашен од глушец!

Пари Сен Жермен вечерва од 21:00 часот ќе и гостува на Црвена Звезда во рамките од шестото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Голема опасност по голот на српскиот клуб помеѓу остатите ќе биде и Килијан Мбапе, според многумина играч кој ќе доминира во наредните години во светскиот фудбал.

Пред натпреварот против Звезда Мбапе се потсети дека во Србија имал прилика да доаѓа и претходно, поточно во март 2016 година со младата репрезентација на Франција, а тогаш доживеал благ шок.

Имено, анегдотата со францускиот супер талент ја откри меѓународниот судија Здравко Јокиќ кој бил организатор на квалификацискиот турнир таа година.

„Ноќта пред натпреварот на паркингот сретнав еден играч на Франција и келнер од хотелот. Дечкото беше преплашен и во шок. Во никој случај не сакаше да се врати во собата бидејќи кога влегол слушнал гласен звук и видел глушец“, откри Јокиќ за српските медиуми.

Мбапе според зборовите на Јокиќ на крајот се вратил во собата околу полноќ, а утрешниот ден бил најдобар играч во натпреварот одигран во Крагуевац. Франција победи со 1:0, токму со неговиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Хулк на 40 години има нов клуб!

Бразилската фудбалска икона, Хулк, го продолжи договорот без планови за пензионирање, и по…