Со оглед дека веќе е познато дека сезоната во ПЛ ќе продолжи на 17. јуни со натпреварот Сити – Арсенал, клубовите сега ќе можат да играат и пријателски натпревари.
Се уште не е познато колку и кои клубови до тогаш ќе одиграат пријателски натпревари, но челниците на ПЛ дадоа три јасни услови како можат да се играат овие натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, првиот услов е гостинската екипа не смее да договори гостување чие патување ќе трае подолго од 90 минути.
Вториот услов се однесува на судиите, кои нема да бидат на пријателските натпревари. Поточно, ќе има судии, но тие ќе бидат од стручните штабови на едната или другата екипа.
Последниот услов е играчите на натпреварот да патуваат со своите лични автомобили, што сигурно нема да представува голем проблем.
Останува да видиме како ова ќе изгледа кога ги биде спроведено на дело.