Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Среќен сум што го обединивме народот, се надевам на уште поголеми успеси

Ангеловски: Среќен сум што го обединивме народот, се надевам на уште поголеми успеси

Македонската фудбалската репрезентација рано утринава пристигна во Скопје.

Откако поради густата магла наместо на скопскиот аеродром авионот со кој патуваа слета во Приштина, владина делегација и премиерот ги пречекаа хероите на косовско-македонската граница.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По гардовите низ цела Македонија се славеше до доцна во ноќта,а  селекторот Ангеловски е среќен што репрезентацијата успеа да го обедини народот.

„Ви благодарам што не пречекавте на наша територија. Среќни сме што го обединивме народот, ние во репрезентацијата така живеевме пет години, без разлика на етничка, верска или било каква друга припадност. Бевме едно големо семејство и тоа ни донесе голем успех, односно пласман на ЕП. Среќен сум што работам со вакви фудбалери и се надевам дека Македонија ќе се радува на уште поголеми успеси“, истакна Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ракометарките поразени со 13 разлика во втората контролка со Австрија

Maкедонските ракометарки претрпеа пораз и во втората контролка со Австрија. Ако во првиот …