Фудбалерите на Манчестер јунајтед во вчерашниот натпревар од Лига Европа го победија ПАОК со 2:0, а одличен натпревар одигра младиот крилен фудбалер Амад Диало.
Диало беше најдобар на теренот и овој негов настап може да биде и препорака кај Рубен Аморим кој од почетокот на наредната недела ќе го преземе тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ако се следат објавите на навивачите на Манчестер јунајтед тие се презадоволни од изданието на Диало и до португалскиот стратег испраќаат пораки дека за него мора да има место во тимот.
„Одлични работи се случуваат кога Амад игра од првата минута. Беше одличен и заслужи да ги постигне головите. Мора да игра и мора да биде во првите 11 кога ќе дојде Аморим“.
„Некаде во тимот мора да има место за Амад, игра брутално“.
„Тен Хаг е криминалец, овој играч го сифрли од првиот тим цел месец, а Антони беше на клупа“…се само дел од коментарите.
Пред натпреварот против ПАОК, Амад имаше 14 настапи за Манчестер јунајтед и само четири беа од првата минута.