Дома Фудбал Останато Амбициозниот Мбапе си постави три цели!

Амбициозниот Мбапе си постави три цели!

Откако стана светски шампион со Франција на само 19 години, талентираниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе има нови цели.

Мбапе иако има само 19 години веќе се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери на светот и е меѓу фаворитите за „Златната топка“.

„Се уште има многу нешта кои треба да ги постигнам. Сакам да освојам се. Со Франција ми недостасува Европакото првенство. Исто така би сакал да играм на Олимпијада. Што се однесува до ПСЖ сите знаеме што ни недостасува таму, Лигата на шампиони“, истакна Мбапе.

Иако е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“ сепак 19-годишниот напаѓач вели дека во моментов не размислува за тоа.

„Разговорите за Златна топка не се добредојдени во моментов. За тоа ќе разговараме покасно“, изјави скормниот Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Каков пресврт во Барселона: Флик го кажа своето, на Алварез нема да му биде добро

Тренерот на Барселона смета дека на неговиот тим не му е потребно засилување во нападот, ш…