Дома Фудбал Лига на шампиони Ал Келаифи пресреќен: Вакво нешто не сум видел во ПСЖ во последните 13 години!

Ал Келаифи пресреќен: Вакво нешто не сум видел во ПСЖ во последните 13 години!

Во таборот на ПСЖ владее вистинска еуфорија поради победата на овој во вчерашниот реванш од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Барселона.

ПСЖ загуби во првиот натпрев со 3:2, но вчера победи со 4:1 и така се пласираше помеѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Еуфорична изјава по натпреварот имаше и првиот човек на гигантот од Париз, Насер Ал Келаифи.

„Бевме одлични, сите се бореа еден за друг. Многу го посакувавме пласманот во полуфиналето и на крајот успеавме. Го имаме најдобриот тренер во светот, ова е величенствен момент за клубот. Навистина не е лесно да ја победите Барселона на нејзин терен. Сакам да кажаме дека вакво нешто не сум видел во последните 13 години во ПСЖ, а тоа е дека сите играчи беа заедно и дека атмосферата е фантастична“, изјави Келаифи.

ПСЖ во полуфиналето ќе игра против Борусија Дортмунд и ќе биде интересно да се види кој од овие два тима ќе игра во финалето каде што од другата страна ќе ги чека силен противник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…