Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски не бил прв избор, Вардар сакал да го врати Писонеро на клупата!?

Алушовски не бил прв избор, Вардар сакал да го врати Писонеро на клупата!?

На последниот ден од 2019 година Вардар официјално го промовираше Стевче Алушовски за нов тренер и за прв пат после подолго време Македонец ќе ги води црвено-црните, меѓутоа Алушовски не бил прв избор.

Во сезоната Вардар влезе со Давид Писонеро како тренер, меѓутоа после неколку натпревари клубот изненадувачки го замени Писонеро со Едуард Кокшаров, додека Шпанецот остана во клубот како негов помошник.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


После завршувањето на првиот дел од сезоната Писонеро ја раскина соработката и си замина. За шпанските медиуми сега Писонеро открива дека пред да си замине добил понуда да се врати на кормилото на Вардар.

„Пред да си дојдам Вардар ми понуди да бидам прв тренер. Ми кажаа дека така се договориле, меѓутоа јас не сакав повеќе да разговараме. Ја одбив понудата затоа што таква ситуација ми немаше смисла. Имам договор со Вардар, но јас бев одлучен во намерата да ја прекинам соработката“, изјави Писонеро за шпанскиот весник „Диарио де Ваљадолид“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…