Вечерва специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“ објави интервју со тренерот на Вардар Стевче Алушовски.
Алушпвски зборуваше за плановите на Михајло Михајловски кој ќе се врати на чело на Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имаше состанок и играчите добија информација за плановите на Михајловски и за буџетот за следната сезона. Тој нема да биде како до сега, па затоа сите ќе имаат можност да размислат. Скубе веќе најави заминување со другите ќе се разговара. Тука се Дисингер, Дибиров, Чупиќ, Стоилов…Борко останува сигурно, со нас ќе биде и Мишевски, ќе видиме дали ќе успееме да го доведеме Никола Митревски кој е моја желба и мислам дека се уште не е договорен со Порто. Мојата визија е да изградиме еден македонско-странски тим и клубот да остане респектабилен на евро сцената“.
Постоеа најави дека трансферот на Санталов од Чеховски Медведи може да пропадне, но тоа нема да се случи.
„Договорот со Санталов е постигнат, тој доаѓа кај нас и ќе биде засилување на десната бековска позиција“, изјави Алушовски.
Ќе видиме каков тим ќе склопи Вардар, меѓутоа сега сликата изгледа подобра од онаа која се најавуваше од пред неколку недели.
Целото интервју на Алушовски од 45 минути погледнете го тука: