Карлос Алкараз во моментов е најлутиот ривал на Новак Ѓоковиќ во битката за првото место на АТП-листата.
Ѓоковиќ води со 11.545 бодови, додека Алкараз има 8.715 поени, а во разговор со новинарите призна дека мисли на Србинот.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Нема да ве лажам, Новак Ѓоковиќ ми е на ум на секој тренинг. Тренирам со цел и одам на турнири со цел. Се обидувам да ја завршам годината како тенисер број еден во светот , а мислам на Ѓоковиќ на секој тренинг. Мислам дека треба да тренирам со сто проценти, да одам на секоја топка со сто проценти за да го стигнам“, изјави Алкараз.