Швајцарските и англиските медиуми тврдат дека македонскиот интернационалец Езџан Алиоски е пред траснфер во Лидс Јунајтед.
Алиоски имаше одлична сезона во Лугано, со 16 гола и 14 асистенции на 34 натпревари и го привлече вниманеито на многу екипи од Германија, Англија и од Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако сеуште нема потврда и детали од трансферот, швајцарските медиуми тврдат дека 25-годишниот македонски репрезентативец ги договорил личните услови со англискиот клуб и дека трансферот е пред реализација.
Алиоски потекнува од фудбалската школа на Јанг Бојс потоа во 2013 година премина во Шафхаузен за кој настапуваше до 2016 година и на крај направи трансфер во фудбалскиот клуб Лугано.