Дома Фудбал Англија Алиоски: Во Швајцарија ми рекоа да се откажам од фудбалот

Алиоски: Во Швајцарија ми рекоа да се откажам од фудбалот

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски одигра уште една одлична сезона и со својот Лидс избори пласман во Премиер лигата.

Алиоски е важен дел од тимот на Лидс и следната сезона ќе игра во Премиер лигата, но неговиот фудбалски пат воопшто не бил лесен.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тој открива дека во Јанг Бојс му рекле дека не е доволно добар и најдобро да се откаже од фудбалот.

„Од Јанг Бојс ми рекоа дека не сум доволно добар за да бидам професионален фудбалер и ми препорачаа да се откажам од фудбалот. Минав десет години во тој клуб, а ми рекоа да се откажам. Се разочарав, но не се откажав. Тренирав инвидуално со мојот брат и татко и се појави Шафхаузен кој ми даде шанса“, открива Алиоски.

28-годишниот Алиоски фудбалската афирмација ја направи во Лугано од каде се пресели во Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендата убедена: Бриж беше украден против Барселона!

Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен (61) предизвика бурни коментари на соција…