Италијанскиот напаѓач, Мирко Антенучи веројатно е единствениот играч во историјата кој некој клуб го избркал бидејќи постигнувал премногу голови.
Имено, Антенучи пред трансферот во Лидс поголемиот дел од кариерата го помина по клубовите во Серија Б, а после одличната сезона во Тернана за која постигна 19 погодоци доби понуда од Лидс.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Со овој клуб потпиша договор на две години и како што одминуваше времето стануваше се подобар.
Во првата сезона постигна девет погодоци во дресот на англискиот клуб, а во втората започна сосема одлично. Антенучи беше најдобар стрелец на екипата на полусезоната со осум погодоци, а потоа пристигна шокатна вест од претседателот на клубот кој порача дека Антенучи не смее да игра, односно не смее да даде повеќе од 12 погодоци.
„Бев среќен постигнав 12 погодоци во својата втора сезона во клубот и поради тоа клубот автоматски беше приморан да ми го продолжи договорот поради една од клазулите во договорот. Во декември на своето конто имав веќе осум погодоци, а потоа стигна порака од претседателот дека повеќе не смеам да играм иако бев најефикасен. До крајот одиграв уште два натпревари и постигнав два погодоци. Се вратив во Италија и го избрав СПАЛ“, открива Антенучи.
Антенучи од доаѓањето во СПАЛ одигра 22 натпревари и постигна осум погодоци и запиша пет асистенции.
Да потсетиме, од оваа сезона во тимот на Лидс настапува нашиот Егзијан Алиоски на кој му оди сосема одлично, па можеби треба да внимава.