Спортскиот директор, Матеу Алемани јавно го нападна францускиот гигант ПСЖ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Алемани во медиумите зборуваше за кризата во која се наоѓа каталонскиот гигант. Тој посочи дека Барселона не може да се надева на големи засилувања поради финансиската ситуација, а потоа го критикуваше ПСЖ поради трансферите.




„ПСЖ ако сака да купи некого продава малку нафта и готово, завршена работа. Купуваат кого сакаат, а ние не можеме ништо. Проблем е што од нас бараат да се натпреваруваме со такви екипи. Ниту УЕФА не може да ги контролира“, изјави спортскиот директор на Барселона.