Дома Трансфер зона Алексис Санчез се враќа во Италија

Алексис Санчез се враќа во Италија

1

Минатиот јануари Санчез се пресели во Манчестер Јунајтед, но не се снаоѓа најдобро на „Олд Трафорд“ и е само бледа сенка на оној играч што беше во Арсенал и Барселона.

Санчез во моментов е најплатен фудбалер во Премиер лигата и неделно заработува 500.000 фунти, па „црвените ѓаволи“ сакаат по секоја цена да се ослободат од него.

Чилеанецот има договор со „црвените ѓаволи“ на уште три години, но во последните 15 месеци на „Олд Трафорд“ не покажа ништо, па ќе мора да ја промени средината за да ја врати добрата форма.

Италијанските медиуми пренесуваат дека силен интерес за Санчез покажува Интер, кој веќе стапил во контакт со неговите агенти.

„Нероаѕурите“ му предложиле на Санчез шанса да ја „оживее“ својата кариера и ќе се обиде да го донесе во своите редови, но само доколку прифати помала плата.

Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти Чилеанецот и на позајмица за да се „ослободи“ од неговата голема плата, а наводно и самиот фудбалер е спремен да ги намали барања за да се пресели во Интер.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали ова е доказ дека Погба останува на „Олд Трафорд“?

Во изминатата сезона во Манчестер Јунајтед беше бурно, па навивачите ќе се обидат што поск…