Дома Фудбал Италија Алегри пред градското дерби: Дибала не е 100% спремен, Манџукиќ го испратив дома

Алегри пред градското дерби: Дибала не е 100% спремен, Манџукиќ го испратив дома

Јувентус утре го очекува гостување кај градскиот ривал Торино.

Масимилијано Алегри на денешната конференција потврди дека хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ нема да биде во комбинација за утрешната средба.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Манџукиќ е болен, па го испратив дома. Бернардески имаше проблем со мускулот на вчерашниот тренинг. Ќе биде во тимот, но не знаеме каква ќе биде неговата состојба. Дибала се уште не е спремен да започне натпревар, можеби ќе игра околу половина часа, а од следната недела ќе можеме да сметаме и на Матуиди“.

Пјаниќ и Кедира ќе играат од првата минута, но се уште не сум одлучил кој ќе биде покрај нив“, изјави Алегри.

Натпреварот помеѓу Торино и Јувентус се игра утре со почеток од 12:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер ќе направи нов обид за францускиот репрезентативец од Рома

По неуспешниот обид да го привлече играчот за врска од Рома, Ману Коне, ова лето, Интер ќе…