Дома Фудбал Италија Алегри може да добие отказ во петок

Алегри може да добие отказ во петок

Тенерот на Јувентус, Масимилиано Алегри сепак може да добие отказ после лошиот старт на сезоната, тврди „Медиасет“.

Во петок е закажан состанок на Бордот на директорите во клубот, на кое ќе се разгледува иднината на тренерот.

Претседателот Андреа Ањели ја препушти конечната одлука на раководниот орган, кој ќе донесе одлука во петок.

Бордот го сочинуваат 9 директори, меѓу кои и Павел Недвед, за кого се појави информација дека силно настојува да биде извркан Макс Алегри.

Недвед побарал од Ањели да му биде врачен отказ на тренерот, а претседателот првично одбил, но потоа оставил одлуката да ја донесе Бордот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити и Гакпо постигнале договор за личните услови, преговорите со Ливерпул веќе се во тек

Вистинска бомба се подготвува од Островот, откако Манчестер Сити ги договорил личните усло…