Maрио Манџукиќ беше клучен човек во победата на Јувентус против Интер над Торино во 15-тото коло од италијанската Серија А.
Во 66-тата минута после нафрлувањето на Жоао Кансело, Манџукиќ одлично реагираше и од неколку метри со глава ја смести топката во мрежата на Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот за одличниот настап на Манџукиќ зборуваше и Масимилијано Алегри.
„Манџукиќ е голем напаѓач, никогаш не греши. Тој е еден од оние играчи кои и кога имаат слаб ден можат да придонесат со својата желба и да направат разлика“.
„Неговиот придонес е огромен. Секогаш е сконцентриран. Откако Баерн го продаде се бори за секоја европска победа“, порача Алегри.
Хрватскиот напаѓач во актуелната сезона на 16 натпревари во сите натпреварвања постигна осум погодоци. Вкупно во Јувентус настапи на 145 натпревари, постигна 42 гола и запиша 20 асистенции.