Аргентинскиот напаѓач Паоло Дибала се најде во центарот на вниманието минатата недела кога во наптрвеарот со Парма порано ја напушти клупата и се упати во соблекувалната.
Дибала изненадувачки во ремито на Јувентус и Парма (1:1) беше на клупата за резерви и тоа не го поднесе баш најдобро. Откако Алегри во финишот ја направи третата измена Дибала стана од клупата и замина во соблекувалната во знак на протесет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алегри после натпреварот не сакаше многу да зборува на оваа тема и се пошегува со зборовите дека можеби му било ладно. Меѓутоа јасно е дека аргентинскиот напаѓач беше незадоволен.
Тренерот на Јувентус сега на конференцијата пред натпреварот за викендот порача дека Дибала се извинил за своето однесување.
„Дибала се извини и го очекував тоа од интелегентен човек како него. Сфати што направи и дека погреши, тоа го ценам. Клубот го задолжи со бројот десет и мора да разбере дека носи големи одговорност. Ќе игра против Сасуоло и нема потреба да го казнувам. Случајот е затворен“, изјави Алегри.