Дома Фудбал Алвеш ја откри вистината: Барса ме лажеше и играше игра!

Алвеш ја откри вистината: Барса ме лажеше и играше игра!

Десниот бек на Јувентус, Дани Алвеш го критикуваше раководството на својот бивши клуб Барселона и истакна дека Каталонците не знаат соодветно да се однесуваат према играчите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бразилецот кој во текот на 8 години на „Камп Ноу“ освои 23 трофеи откри дека никој во Барселона не разговарал со него за нов договор се додека ФИФА не им забрани на Каталонците да регистрираат нови играчи.

„Ми се допаѓа кога сум сакам и заминувам кога не ме сакаат. Во моите последни три сезони постојано слушав ’Алвеш заминува’, но никој од раководството никогаш не ми кажа ништо. Беа непристојни, лажни и неблагодарни, ми понудија продолжување само поради казната на ФИФА“, изјави Алвеш.

„Јас ја прифатив нивната игра и потпишав договор во кој имаше клузула со која можам да заминам бесплатно после една година, така и направив. Луѓето кои ја водат Барселона немаат поим како да се однесуваат према своите фудбалери“, додаде 33-годишниот Бразилец.

Исто така Алвеш смета дека навивачите се однесуваат премногу критички према играчите, бидејќи го исвиркаа својот тим на мечот со Леганес.

„Дел од вината сносат и медиумите, не сакам кога измислуваат работи, манипулираат и креираат лошо расположение. Заинтересирани се единствено за морбидности, а не за вистината. Мораат да не почитуват бидејќу позади секој фудбалер стои човек“, заклучи Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус и Комо сакаат да го вратат Тео Ернандес во Серија “А”

Францускиот репрезентативец Тео Ернандес може да се врати во Серија “А” само п…