Дома Фудбал Останато Алвес откри кои двајца фудбалери му помогнале: Бев изневерен од клубот од детството!

Алвес откри кои двајца фудбалери му помогнале: Бев изневерен од клубот од детството!

Дани Алвес за „Радио Креатива10“ зборуваше за тешкиот период кој го поминал во затвор, како човек кој најмногу му помогнал го издвои Меси, но и Мемфис Депај.

Алвес во притвор во Шпанија помина повеќе од една година, а беше пуштен на слобода со платена кауција од еден милион евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Не мора да го кажам ова, но ќе го кажам. Бев изневерен од мојот клуб од детството, Барселона. Сите пријатели ми го свртеа грбот, но еден кој ми даде финансиска поддршка додека бев во затвор беше Меси“, вели Дани Алвес.

Откри Алвес дека Меси му помогнал и на Роналдињо.

„Тој плати двајца адвокати да ме бранат во Барселона, и секогаш ме прашуваше за моите услови во затвор. Тој ми прати прекривка со наша слика на неа. Меси беше оној кој ми ја плати првата сметка, втората ми ја плати Мемфис Депај. Меси исто така ја плати и сметката на Роналдињо кога тој беше во затвор“, откри поранешниот бразилски репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…