Дома Фудбал Италија Аларм во Јувентус: Се повреди Роналдо!

Аларм во Јувентус: Се повреди Роналдо!

ronaldo

Aларам во Торино – Кристиано Роналдо е повреден!

Нов голем проблем за Јувентус. Кристиано Роналдо е повреден, засега не е познато за каква повреда се работи. После дополнителните тестови ќе биде откриено колку време ќе биде отстутен.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Старата дама“ оваа сезона беше елиминирана од Купот на Италија, а првиот натпревар од осминафиналето против Атлетико го загуби со 2:0. Сега под голем знак прашалник е ставен настапот на Роналдо во дербито на колото во недела против Наполи, а според медиумите на „Чизмата“ не е сигурен ниту за реваншот со Атлетико кој е закажан за 12-ти март. Оваа ситуација ги загрижува сите во клубот, како и навивачите.

„За Роналдо кој денес не тренираше со екипата, прегледите се закажани за утре. Станува збор за повреда на глуждот која ја заработи во натпреварот против Болоња и после деталните прегледи ќе видиме каква е состојбата“, порачуваат од Јувентус.

Надвор од тимот поради повреда во Јувентус се Емре Чан, Хуан Квардадо, Само Кедира и Даглас Коста, а неодамна од повреди се опоравија Леонардо Бонучи, Џорџо Киелини и Марио Манџукиќ. Тренерот Масимилијано Алегри има проблеми пред клучниот дел од сезоната. За негова среќа во Серија А Јувентус има предност од 13 бодови, но ако Роналдо не биде во комбинација за реваншот против Атлетико тоа ќе биде голем проблем за црно-белите.

Роналдо оваа сезона за Јувентус одигра вкупно 34 натпревари и постигна 21 гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Куртоа во вчерашното дерби и се повредил: Го чека пауза

Тибо Куртоа ќе биде надвор од терените две-три недели, потврди Реал Мадрид. За отсуството …