Пред два дена и официјално започна големата акција на Вардар за купување на сезонски билети по 1.000 денари, а денес од клубот информираат дека акцијата оди одлично.
За нешто повеќе од 24 часа клубот успеал да собере околу 500.000 денари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Денот го започнуваме со одлична вест. За нешто повеќе од 24 часа, собрани се повеќе од 500 000 денари, од акцијата за продажба на членски карти.
Радува фактот што, се поголем број на навивачи, ја препознаваат важноста на акцијата и моментот.
Купи членска карта, и не дозволувај твоето место на стадионот, да остане празно!
На сите продажни места на “МК Тикетс”:
LITERATURA.MK – EAST GATE MALL
LITERATURA.MK – VERO JUMBO
LITERATURA.MK – ГТЦ ПРИЗЕМЈЕ
LITERATURA.MK – Ул. Македонија
LITERATURA.MK – ТЦ БУЊАКОВЕЦ
LITERATURA.MK – SKOPJE CITY MALL
ЈУГОТОН – ГТЦ 1 кат
ЈК Травел, ТЦ Бисер – Аеродром
Макпетрол Козле
Макпетрол Илинденска
Макпетрол Влае
Членските карти се достапни и онлајн, преку линкот – ТУКА“, објавија црвено-црните.