Хрватската актерка, Нивес Целзиус уште еднаш даде до знаење дека навистина сака нејзината селекција да стигне далеку на Мундијалот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Атрактивната Нивес ја поддржува Хрватска во секој чекор, а откако се фотографираше во дресот на оваа репрезентација, сега откри на што е спремна доколку нејзината земја дојде до финалето.
„Ако Хрватска победи и стигне до финалето, ќе се жртвувам и до крајот на годината ќе бидам целосно облечена. Дури и по летните горештини. Мислам дека тоа сепак, е најголемата жртва која можам да ја дадам“, изјави Нивес за хрватските медиуми.
Оваа нејзина изјава веројатно баш и нема да наиде на одобрување во хрватската јавност, посебно кај машката популација.
