Дома Фудбал Останато „Ако ова на Реал беше пенал тогаш треба да има 40 пенали на секој натпревар“

„Ако ова на Реал беше пенал тогаш треба да има 40 пенали на секој натпревар“

Поранешниот шпански судија Хуан Оливер Андругар ја критикуваше одлуката Реал да добие пенал во денешното „Ел Класико“ кое го доби со 1:3.

Судијата Мартинез Мунера го досуди пеналот откако Серхио Рамос беше влечен во шеснаесетникот од страна на Ленгле. Според Андругар тоа било грешка.

„Вакви мали влечења има не секој корнер. Ако ова беше пенал тогаш треба во секој натпревар да има по 40 пенали. Според мене ова денес сигурно не требаше да биде окарактеризирано како најсторга казна. Друга е ситуацијата каде што Санабрија беше влечен против Реал Сосиедад, таму јасно можеше да се види неговиот скинат дрес“, изјави Андругар за „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Касиљас до Роналдо: Само 750? Можеш ти и подобро!

Jувентус во 5. коло од Лигата на шампионите со 3:0 го совлада Динамо Киев, а помеѓу стрелц…