Дома Останати Авто Мото „Ако има некој кој може да му донесе шампионска титула на Ферари, тогаш тоа е Хамилтон“

„Ако има некој кој може да му донесе шампионска титула на Ферари, тогаш тоа е Хамилтон“

Луис Хамилтон реши да потпише договор со Ферари, кој ќе важи од 2025 година, а неговиот поранешен тимски колега Валтери Ботас имаше само пофални зборови за Британецот.

Ботас призна дека е изненаден од одлуката на Хамилтон, но смета дека може да му ја донесе шампионската титула на италијанскиот тим.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


„Мислам дека тоа е добро за него. Сигурен сум дека ќе биде многу возбудлив проект за него за да се обиде да стигне до врвот со Ферари. Ако некој може да му донесе шампионска титула на Ферари, тогаш тоа е Хамилтон“, кажа Ботас.

Хамилтон потпишал повеќегодишен договор со Ферари, но засега не се откриваат детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Мерцедес го претстави болидот за последната сезона на Хамилтон 📸

Tимот на Мерцедес по крајот на следната сезона ќе се раздели со Луис Хамилтон бидејќи Брит…