Легендарниот бразилски фудбалер, Адриано денеска живее во една фавела во Рио Де Женеиро, далеку од стилот на голема ѕвезда.
Адриано се опиша себе како „најголемото фудбалско промашување“ и призна дека секој ден пие алкохол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сакам да разјаснам некои работи. Не користам дрога како што некој сака да покаже, не сум криминалец, иако лесно можев да станам. Не сакам да завршувам во клубови, секогаш ќе ме најдете на исто место во мојата фавела, во киоскот на Нана. Ако сакате да се сретнете со мене, застанете таму. Останатото што се збори за мене е вистина. Пијам секој втор ден, а и сите останати денови од неделата“.
„Како завршив вака? Не сакам да давам објаснувања на другите, но сепак имам едно. Пијам бидејќи не е лесно да се биде талент кој не се остварил во целост. Јас сум најголемото фудбалско промашување“, истакна Адриано.