Дома Македонски спорт „Адеми е посебен, затоа го сакаат сите во Македонија“

„Адеми е посебен, затоа го сакаат сите во Македонија“

Вчера Динамо Загреб славеше против Ференцаврош (0:2) и така хрватскиот тим го обезбеди пласманот во нокаут фазата од Лигата на Европа.

Еден од најдобрите во вчерашниот натпревар на Динамо беше македонскииот репрезентативец и капитен на „модрите“ Аријан Адеми. Ќе потсетиме и дека Адеми со овој натпревар стана рекордер на Феенорд со 77 одиграни европски натпревари.

Сега пофалби до Адеми испрати поранешниот македонски дефанзивец Гоце Седлоски, кој како и Адеми дел од играчката кариера помина во Хрватска.

„Адеми е играч кој секој тренер би го посакал. Го следам навистина долго време и кај него не сум забележал пад на формата. Без разлика кој е ривалот и натпреварувањето тој дава се од себе, затоа е посебен. Неговиот таков однос го препознаа и навивачите во Македонија, затоа го сака цела земја“, изјави Седлоски за хрватскиот „Вечерњи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вајналдум: Клубот треба да се огласи за мојот договор

Играчот на Ливерпул, Жоржињо Вајналдум е во центарот на вниманието поради неговата иднина …