Изгледа дека се поблиску сме до моментот кога ќе биде потврден трансферот на Кун Агуеро во редовите на Барселона.
Весникот „Спорт“ кој важи за близок на Каталонците пренесува дека агентот на фудбалерот и директорите на Барселона постигнале договор за преселба на Аргентинецот на „Камп Ноу“. Агуеро нов играч на Барселона би требало да стане на 1. јули.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Споменатиот медиум објави детали, тие тврдат дека се работи за двегодишна соработка, а Кун ќе прифати помала плата од онаа што ја заработува во Манчестер Сити.
Се наведува дека Агуеро во предвид ги имал своите години, но и сакал да игра заедно со неговиот добар пријател Лионел Меси, па затоа прифатил намалување на заработката.