Дома Останати Агуеро во среда ќе соопшти дека ја завршува кариерата?

Агуеро во среда ќе соопшти дека ја завршува кариерата?

Серхио Агуеро подолго од еден месец е надвор од терените поради срцеви проблеми, а според последните најави Аргентинецот нема да се враќа во професионалиот фудбал.

Агуеро за Барселона последниот настап го имаше на 30. октомври против Алавес кога беше заменет во финишот на првото полувреме поради проблеми со дишењето. Аргентинецот веднаш беше пренесен во болница каде што на детални прегледи му беа утврдени срцеви проблеми, тогаш Барселона објави дека Агуеро ќе биде надвор од терените најмалку три месеци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Докторите ја следат неговата состојба од ден во ден, но се повеќе се најавува дека Агуеро нема да се врати на фудбалот.

„Марка“ денес објави дека Агуеро во среда ќе соопшти дека ја завршува играчката кариера и дека нема да игра повеќе поради срцеви проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…