Милан синоќа го прегази Лацио со 4:0 и се пласираше во полуфиналето од италијанскиот Куп.
Италијанските медиуми пренесоа дека синоќа на „Сан Сиро“ присуствувал и агентот на Свен Ботман, Ник Бруинберг.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ботман е еден од најбараните дефанзивци во Европа и на лето сигуно ќе го напушти Лил, а Милан сака да ја победи конкуренцијата.
Неговиот агент денес ќе има средба со Малдини на која треба да ги договори личните услови за трансфер на лето.
22-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, а во јануари одби богата понуда од Њукасл.
Ботман сака кариерата да ја продолжи на „Сан Сиро“ и е блиску до договор со „росонерите“.