Дома Трансфер зона Барселона купува дефанзивец во јануари

Барселона купува дефанзивец во јануари

Барселона е во потрага по квалитетен стопер бидејќи тимот има дефанзивни проблеми оваа сезона.

Најголема желба на Каталонците е дефанзивецот на Лил, Свен Ботман, и ќе се обидат да го донесат уште во зимскиот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој ги мина сите младински категории на Ајакс, а една сезона помина на позајмица во Херенвен. Во Лил пристигна во јули 2020 година и уште во првата сезона се наметна во еден од клучните играчи на тимот.

Лил за слободата на Ботман бара 40 милиони евра, а Барселона ќе се обиде преку преговори да ја намали таа сума.

На „Камп Ноу“ веруваат дека Холанѓанецот може да биде наследник на Жерард Пике, кој веќе влезе во фудбалска зрелост.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…